Трибина за македонската книжевна пирамида

Денеска (21 мај, вторник) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи трибината „Македонска книжевна пирамида“. Трибината ќе се одржи со почеток во 11 часот.

На Книжевните разговори посветени на Македонската книжевна прирамида ќе учествуваат: Венко Андоновски и Жарко Кујунџиски (воведничари), а своето присуство го потврдија Веле Смилески, Луан Старова, Блаже Миневски, Митко Маџунков, Тодор Чаловски, Бранко Цветкоски, Оливера Николова, Наташа Аврамовска, Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Лорета Георгиевска, Иван Џепароски, Славе Ѓорго Димоски, Виолета Танчева-Златева… Трибината ќе ја води Братислав Ташковски.

Големата македонска книжевна пирамида се создава веќе 65 години. Ова виртуелно здание на македонските писатели, од година во година, станува сè поголемо и поимпозантно. Денес, по толку години творечка градба, таа нè восхитува со својата големина – таа има многу тули, многу редови, забележливи пластови од љубов, глaсови, јазици и писма. Таа е градена од зборови, а нејзината главна стабилност е (или би требало да биде) книжевната вредност.

You May Also Like