Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат доделени наградите од конкурсот за есеј на тема „Верувам во Македонија“.
Конкурсот за есеј на тема „Верувам во Македонија“ беше наменет за учениците од средните училишта, а го објави Министерството за образование и наука како дел од активностите по повод одбележувањето на десетгодишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски.
Наградите ќе ги врачат министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Вилма Трајковска, сопругата на поранешниот претседател Трајковски.