Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје на денеска (1-ви април, понеделник) во 11:00 часот на Плоштадот Македонија организираат невидена детска журка „Априлијада – Скопје се смее“.
Забавата е за сите училишта, градинки и деца на Град Скопје, со маски,кловнови, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ “Карпош“,Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.
Бонус ноќна забава од 21:00 часот на Плоштадот Македонија со Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска,Мустафа Имери,Ребис,маскирани посетители ќе продефилираат на сцената,а на крај ќе настапи и диџеј Бабура.
Водители на забавата Марија Петровска и Кирил Поп Христов.