Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес ја претставуваше Македонија на еден од најпрестижните културни настани на светската сцена – Меѓународниот театарски фестивал „МИТЕМ“ во Будимпешта, Унгарија.
На 17 мај 2025 година, во рамките на фестивалот, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес заедно со Драмски театар – Пловдив ја изведе претставата „Без крв“ од Алесандро Барико, сценска адаптација на Александар Секулов, а во режија на Диана Добрева.
Нашите културни амбасадори, актерите Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Исидор Јованоски и Филип Христовски, како и композиторот Сашко Костов, со успех се претставија пред публиката во Националниот театар во Будимпешта, по што беа наградени со долготрајни и бурни аплаузи.
Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес и Драмскиот театар – Пловдив, Бугарија