Никола Јонков Вапцаров (7 декември 1909 – 23 јули 1942) — македонски писател со бугарско граѓанство, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија).
Вапцаров бил член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година. Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни песни“ (Моторни пѣсни) содржи 20 песни, напишани на бугарски јазик.
Нему му припаѓа едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.
Никола Јонков Вапцаров
ЗЕМЈА
Таа земја сега што ја чекорам
таа земја в пролет што ја буди југот
таа земјa не е моја земја
таа земја простете е туѓа.
Наутро тргам
по фабрички друм.
Безброј рубашки
се ројат.
Слеани сме
со раце, со ум
но земјата не ја чувствувам за моја!
Над мојата земја
во пролет бликаат зраци
водопади грмат
од сонцето над неа.
Ја чувствуваш длабоко
ти неа за блиска
и гледаш скокум
безброј цвеќа раснат.
Над мојата земја
до небото Пирин се дига
Боровите в бура
илинденски приказни пеат.
Над Охрид модрината
е толку просторна и сина
а подолу уште
е светлиот брег на Егеја.
Ќе си спомнам само
и крвта в миг ќе јурне
во срцето
кое се топи во некаква нежност.
Моја родна земјо!
Земјо лична.
Поена со крв
и лулана од бури.
1939 година, Софија