На денешен ден: Починал Драган Ѓаконовски – Шпато

На денешен ден (3 јануари, 1987) во Скопје умрел Драган Ѓаконовски – Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер, зачетник на македонската забавна музика.

Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појавил уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена „Тема I“, што тој ја создаде во далечната 1947 година.

Бил извонредно надарен музички инструменталист кој ги формирал првите оркестри Ритмички секстет, Забавниот ансамбл и Биг-бендот на Радио Скопје. Роден е во Скопје, на 11 март 1931 година.

You May Also Like