Mакедонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал во Олденбург, кој поради високиот рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, соопштија од Агенцијата за филм.
На 25-тото јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија кое ќе се одржи во периодот помеѓу 12-16 септемеври, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge.
Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот, а на покана на директорот на фестивалот, Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услуги.
Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот, како и на фестивалската веб страна.
Олденбург филмскиот фестивал е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот, а за тоа зборува и фактот што Variety, Hollywood Reporter и Screen International меѓу другите му ја доделија титулата „Европскиот Санденс”