Во Галеријата „Ко-Ра“ денеска ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес…
– Секвенците на игросказот, парцијализирани, каледидоскопски се преточуваат и нé водат со магична леснотија низ едно непредвидливо сиже , фабула на секвенци, толку навидум едноставни и непретенциозни, а воедно и толку сугестивни, наведе кураторот на изложбата Виолета Калиќ за творештвото на Блажес.
Романскиот уметник, професор и куратор, Марилена Преда Санк посочи дека делата на Блажес инкорпорираат витални универзуми, разиграни и спонтано иронични оркестрирани со една автентично креативна способност и искреност.
– Препознатливите елементи од световите на пишаното и искусеното се конвертираат во секвенци на едно специфично визуелно сценарио кое авторот ни го предложува да го поминеме. Една седукативна изложбена патека полна со фантазии, наведува Преда Санк.