Издание на романот „Осмото светско чудо“ на Плевнеш на албански јазик

Во издание на издавачката куќа од Приштина „Армагедон“, деновиве излезе од печат албанскииот превод на романот „Осмото светско чудо“ од македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Автор на преводот е професорот Агим Полоска, од Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет од Скопје.

Во текот на април, се очекуваат промоции на изданието во Приштина, Скопје и Тирана, каде што за романот ќе зборуваат истакните дејци од албанскиот културен простор, како што се Хачиф Мулиќи, Агим Винца, Башким Шеху и др.

Со ова издание на албански јазик, романот „Осмото светско чудо“ е преведен на светски 17 јазици.

You May Also Like