IN MEMORIAM: Почина Миле Неделкоски

На 85-годишна возраст вчера почина писателот Миле Неделкоски – поет, романсиер, раскажувач, драматург. Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Член на ДПМ од 1963 година.

Автор е на збирките поезија: Срцето од злато (1963), Јужно лето (1963), Улавиот од Преспа (1965 – поема), Еретикон–Еротикон (1969), Недела, ден за каење (1984), Битпазар – стилски вежби, ете…(1984), Заточеници (1989, поема), Огледало на сенките (1990), Секогаш иста (1990), Задушница за престапните (2002), Палимпсест (2015), како и на романите: Пепелаши (1969), Трненки (1972), Пандур (1981), Потковица на смртта и надежта (1986), Петрафил за вечната земја (1989) Подгревање на вчерашниот ручек (1989), Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (1991), Празникот на светите маченици (1996), Јавна кривична пријава (1999), Постела на сенките (прв дел 2001, втор дел 2001, трет дел 2003), Пределот со две годишни времиња (2005), Другиот ден (2007), Ланскиот снег (2009).

Негови драмски текстови се: Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (1985).

Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.

You May Also Like