„Глембаеви, уште една Легенда“ во Загреб на Еуроказ

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви, уште една легенда“ од 18 до 22 ноември гостува во Загреб, каде пред загребската публика трипати ќе ја изведе заедничката претстава, која премиерно беше прикажана во октомври во нашиот театар. (19,20, 21.11.2019, со почеток од 20.00 часот).

Режисер на претставата koja што е копродукција со Еуроказ е Бранко Брезовец, композитор Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, а играат осуммина актери од ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ и петмина загребски артисти.

Проектот „Глембаеви, уште една Легенда“ настанува како финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, која што тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

Оваа претстава-есеј, ја доприра можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).
„Глембаеви, уште една Легенда“ ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштина и ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск.

Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 година како фестивал на нов театар кој во текот на своите 27 фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот и на кој настапиле над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржуваше во континуитет од 1987  до 2013 година.

Од 2006 година Еуроказ се оддалечува од презентациската и информативната функција, и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери, а од 2014 година продукцијата станува главната дејност на Еуроказ. Од самите почетоци, Еуроказ повикувал и соработувал со македонските театри.

Ова е второ гостување на прилепскиот театар на Еуроказ.

You May Also Like