Филмот „Лурдс“ вечерва во Охрид

Вечер (21 мај, вторник) во 20:00 часот во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Лурдс“.

Историјата на филската уметност е полна со дела кои обработуваат теми сврзани со чуда и феномени. Од делото на Виторио де Сика  “Чудото во Милано”, па до Престон Страџис и неговото “Чудото на Морган Крик”. Фасцинацијата за овие теми е предизвик за многу автори, без разлика дали она што го обработуваат е реално, имагинарно, лажно или метафорично.

Овој брилјантен филм на австриската режисерка Џесика Хаузнер (поранешна асистентка на Михаел Ханеке) е реална приказна за Кристин (Силви Тестид), една од милионите аџии кои се во потрага по Чудо кое би ги исцелило нивните болести или проблеми. Едно од најпознатите свети места кое аџиите го посетуваат секоја година е Лурд, место во подножјето на Пиринеите, кадешто 1858 година Бернадет Субиру ја виде визијата на Пресвета Богородица. Повеќе од 150 години милиони луѓе го посетуваат ова свето место и бараат помош од Мајката Божја и силата на Светиот дух да бидат исцелени или да им се помогне.

Брилјнтна режија (филмот е сниман помеѓу вистински аџии во Лурдс, со дозвола на Католичката црква и личи на места како документарец), со извонреден кастинг  и неверојатно добра глума на Силви Тестид (за оваа улога доби извонредни признанија, меѓу кои и Европската награда за најдобра женска улога 2011 година), која во овој филм првично е нашите очи и уши .

You May Also Like