Триумф на режисерот Мартин Кочовски во Ужице

Претставата „Будење на пролетта“ на Франк Ведекинд, а во режија на македонскиот режисер Мартин Кочовски, го понесе триумфот на 17-от Југословенски театарски фестивал во Ужице, Србија, освојувајќи пет награди.

„Будење на пролетта“, која е во продукција на Народниот театар од Ужице, беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот, а Мартин Кочовски ја доби и наградата „Ардалион“ за најдобра режија. Маријана Зорзиќ-Петровиќ го понесе и признанието за сценографија, а претставата ги освои и наградите „Ардалион“ за млад актер и „Авдо Мујчиновиќ“, кои им припаднаа на Тијана Караичиќ и Бранислав Љубичиќ.

Југословенскиот театарски фестивал во Ужице „Без превод“ оваа година беше посветен на егзистенцијалните, општествените и политички тегоби на денешниот живот. Под мотото „Овој живот не вреди многу, но ништо не вреди како овој живот, фестивалот во натпреварувачката програма претстави седум продукции од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

You May Also Like