Новите „Умри машки“, „Ивица и Марица“ и „Барајќи го Немо“ во Синеплекс

Почнувајќи од вчера (четврток, 14 февруари) на кино репертоарот на Cineplexx, љубителите на филмот ќе можат да погледнат три нови филмски остварувањa – „Убав ден да се умре машки“, „Ивица и Марица: Ловци на вештерки“ и анимираниот „Барајќи го Немо“.

Петото продолжение на франшизата „Умри машки“, овој пат насловено „Убав ден да се умре машки“ со познатиот акционен херој Брус Вилис во главната улога.
Брус Вилис повторно во култната улога на Џон Меклејн – „вистински“ херој со умешност и став секогаш да остане единствениот преживеан. Овој пат, полицаецот кој не зема заложници се наоѓа на погрешно место, кога ќе пристигне во Москва да му помогне на својот отуѓен син Џек.

Додека руското подземје господари и подготвува војна, двајцата Меклејн откриваат дека комбинацијата на нивните потполно спротивни методи ги прави незапирливи херои. Легендарната бајка се трансформира во весела, акциона, 3D хорор авантура „Ивица и Марица: Ловци на вештерки“. Приказната продолжува 15 години подоцна откако братот и сестрата, ќе успеат да побегнат од вештерката која јаде деца. Откако како деца го осетија вкусот на крвта, Ивица (Џереми Ренер) и Марица (Џема Артертон) станаа тврдокорни одмаздници желни за одмазда. Сега, без оглед на нивното знаење, Ивица и Марица ќе станат ловци и ќе мораат да се соочат со злобната вештерка, вештерката од своето
минато.

Извонредната морска авантура за најмладите, анимираниот филм „Барајќи го Немо“ ќе биде прикажан на репертоарот на Cineplexx. Oмилени морски јунаци се враќаат на филмското платно и тоа во 3D! Немо, авантуристичката рипка неочекувано се наоѓа во аквариум откако ќе го уловат. За да го
најде, татко му Марлин, со помош на својата шушумиглеста другарка Дора поаѓа на епско патување што ќе ги соочи со ајкули вегетаријанци, желки сурфери, хипнотички медузи, гладни галеби и многу други.

You May Also Like