Македонската кинематографија со широка меѓународна активност

Филмскиот фонд работи веќе 4 години и во овој период (мандат на двајца директори) се реализирани 52 филма (16 играни, 16 кратки играни, 18 документарни и 2 анимирани филма) исто колку што беа реализирани и во периодот од осамостојувањето на Македонија 1991 до 2008 година. Во овие четири години нашите филмови освоија преку 35 награди.

Оваа година започна со големи успеси кои представуваат круна на четири годишната работа на филмскиот фонд. Годинава два филма беа поддржани од филмскиот фонд кои се кандидати за овогодинешниот ОСКАР: нашиот филм „ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ“ и ирскиот кандидат „КАКО ДА МЕ НЕМА“.

Следниот месец на предстојниот 62-ри Берлински филмски се  оди со три филма поддржани од филмскиот фонд: ЖЕНАТА КОЈА ГИ ИЗБРИША СВОИТЕ СОЛЗИ на Теона Митевска, ПАРАДА на Срѓан Драгојевиќ и краткиот филм  БАРДО на Марија Апчевска кој е примен во програмата GENERATION.

You May Also Like