Изложба „Точно на пладне“

Отворањето на годишната изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на Република Македонија е денеска (четврток, 5 јуни) во 12:00 во просториите на Факултетот.

На изложбата ќе бидат изложени студентски дела од сите три насоки,(моден,графички и ентериер) произлезени од наставната програма за 2013/14 година од сите предмети и години.
Изложбата е насловена „Точно на пладне“, а на отворањето ќе говорат:
– Доц.м-р Маја Кировска, професор по предметот „Мултимедија“ на Факултетот за арт и дизајн – ЕУРМ
– Вон.проф. м-р Јана Манева – Чупоска, декан на Факултетот за арт и дизајн – ЕУРМ
– Мими Ѓоргоска – Илиевска, директор на Кинотека на Македонија

You May Also Like