Утре (четврток, 24 јули) премиерно на репертоарот на кино Милениум ќе се прикажуваат 2 нови актуелни филмски остварувања – Херкул 3Д (Hercules 3D) и Улица Скок бр. 22 (22 Jump Street).
Спектакуларниот филмски хит Херкул е работен по инспирација од ликот на митскиот херој, а е во режија на Brett Ratner, со Dwayne Johnson, John Hurt, Ian McShane, Ingrid Bolsø Berdal.
Улица Скок бр. 22 е втор дел на одличната комедија од 2012 година, во која главните улоги ги толкуваат Channing Tatum, Jonah Hill, Ice Cube. Филмот е во режија на Phil Lord и Christopher Miller.
Во сабота(26.07), по повод одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес, следува 24 часовен бесплатен филмски маратон. Во текот на овие 24 часа публиката ќе има можност да ги погледне најактуелните филмски продукции во моментов,а влезот е слободен.