Денеска (вторник, 1 април), во Културниот центар “Феникс“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи Вечер на македонската сатира.
Вечерта ќе започне со промоцијата на новата книга со афоризми “Јавни тајни“ од Софе Штерјоски. Во книгата покрај одбраните афоризми, се објавува исцрпна био-библиографија за авторот и аналитички текст од Бошко Смаќоски за ликот и творештвото на Софе Штерјоски.
Инаку, ова ново библиофилско издание се публикува по повод 30-годишнината од смртта на прерано починатиот афористичар, хуморист и сатиричар Софе Штерјоски.
Во чест на Софе Штерјоски, на Вечерта на македонската сатира, ќе настапат и повеќе македонски автори – афористичари, хумористи и сатиричари, меѓу кои и: Васил Толевски, Марјан Ангеловски, Димитар И. Вилазорски, Георги Хаџи Васков, Александар Русјаков, Христо Петрески и други.