Во организација на општинскиот Црвен крст, за прв пат годинава, во Охрид ќе се одржи аматерски Театарски младински фестивал на кој ќе учествуваат над 100 ученици од средните училишта во градот, како и гости од Ужице, Крагуевац и Кичево .
– Аматерските групи на фестивалот ќе се претстават со свои претстави на тема хуманост. Ќе се изведуваат на повеќе локации низ градот, како и во Центарот за култура. Фестивалот ќе нуди многу забава. Сметам дека населението ќе ужива во настанот, а градот ќе добие уште една културна манифестација, објаснува претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.
Театарскиот младински фестивал ќе трае од 28- ми мај до 1- ви јуни.
извор: ohridnews