Организацијата „Крсте Мисирков“ од Воден, која е судски регистрирана во Грција како движење за промоција на мајчиниот јазик, пред два дена доби и регистрација од грчкото Министерство за култура. Ова е всушност само спроведување на она што судот веќе го завел, а тоа е и добивање регистрација од Министерството за култура како културна организација.
Целта на ова движење е да организираат часови по македонски јазик во што засега наидуваат на бројни пречки од општинските власти, па учењето на мајчиниот јазик го организираат или преку интернет или во приватни простории.
Оваа регистрација како културна организација се толкува како уште еден мал чекор во борбата на Македонците од Грција за нивно признавање и добивање на основните човекови права како малцинство во матичната држава Грција.
Македонците се надеваат дека оваа регистрација нема да придизвика посериозни реакции во грчката јавност и спроведување на барањата на поедини десничарски организации за забрана на делување на ваквите организации.
извор: МКД.мк