Научна средба „Како се пишува историјата: од сеќавање до запис”

Францускиот институт во Скопје ја организира научната средба „Како се пишува историјата: од сеќавање до запис”, којашто ќе се одржи денес  (петок, 16 ноември 2018 година), со почеток во 10 часот во ЕУ инфо центарот.

Научната средба официјално ќе ја отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија.

На оваа научна конференција учество ќе земат бројни реномирани интелектуалци и екперти од земјава, Франција и од регионот:
– г-дин Жан-Кростоф Буисон, помошник директор во списанието „Фигаро Магазин”,

– г-дин Беноа Ивер, директор на издавачката куќа „Перен”,
– г-дин Емануел Ешт, новинар и историчар,
– г-дин Флорин Туркану, професор од Букурешт,
– г-дин Артан Путо, професор од Тирана,
– г-дин Петар Тодоров, историчар, и
– г-дин Роберт Јанкулоски, професор и фотограф.

За настанот е обезбеден симултан превод и истиот се организира со поддршка на Регионот Нормандија.

You May Also Like