Формирана збирка „Проф. д-р Коста Пеев“ на Институтот за Етнологија и антропологија

На Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ деканот, проф. д-р Ицко Ѓоргоски и д-р Коста Пеев, професор на Филолошкиот факултет во пензија, потишаа договор за донација.

Со него, проф. Пеев на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет му отстапува книги, фотографии, ракописи и аудио материјали, собирани во последните педесетина години, кои содржат скапоцени етнолошки и лингвистички информации.

Тие ќе бидат чувани во посебна збирка „проф. д-р Коста Пеев“ во склоп на библиотеката и архивот на Институтот за етнологија и антропологија, кој ја поседува и најголемата дигитална архива од оваа област во земјата.

Истовремено, Институтот е овластен субјект за заштита и чување на нематеријалното културно наслество, а јазикот и дијалектите се токму дел од него.

Проф. Коста Пеев (1936) е еден од најстарите живи слависти и македонисти, студент на Блаже Конески и експерт за дијалектите на Егејска Македонија. Негови обемни студии се „Речник на македонските дијалекти од југоисточниот дел на Егејска Македонија“ (во шест тома), „Кукушкиот говор“, „Дојранскиот дијалект“ и др. За своите заложни проф. Пеев неодамна од Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби и највисокото признание – орден за заслуги – од областа на македонистиката.

You May Also Like