Денеска (четврток, 27 декември, 2012) во 13:00 часот во Музејот ан Македонија ќе биде отворена шестата традиционална археолошка изложба „Археолошка Македонија 2012“.
На изложбата се презентирани вредни предмети кои археолозите ги пронајдоа во рамките на годинашните археолошки истражувања на локалитетите Исар Марвинци, Стоби, Хераклеја и Баргала. Во текот на овие истражувања беа откриени над 50. 000 движни предмети датирани од 8 век пр.н.е. до крајот на ранохристијанскиот период (5-6 век), а на изложбата се презентирани повеќе од 3200 вредни артефакти.
Изложбата ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.