Промоција на Гевгелексикон

Промоцијата на џебното издание ‘Гевгелексикон’, на авторот Стефчо Стефанов ќе се одржи во Гевгелија, во просторот на хотелот Аполонија, в петок на 27 јуни, со почеток во 20:00 часот.

„Гевгелексикон“ претставува сублимиран труд од неколку годишно активно собирање и обработка на 1040 уникатни зборови, кои типично го отсликуваат гевгелискиот дијалект. Како посебнен серијал, ГЕВГЕЛЕКСИКОН за прв пат се појави во 2009 година, а како дел од електронското списание ‘ЧИВИЛУК’, исто така во издание на здружението. На промоцијата, со свој осврт ќе настапат д-р Снежана Веновска-Антевска и д-р Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”, како и д-р Јован Костов, асистент по информатичка лингвистика при Универзитетот Париз-Сорбона, кој воедно и како
автор на предговорот, ќе забележи:
‘Дијалектите и наречјата се сировата материја на еден јазик и единствената стабилна подлога за нормализација на јазичниот стандард. Токму во овие моменти на размислувања за македонската стандардна лексика, се појавува и оваа книга. Гевгелексиконот, со јасни примери и толкувања, ни сведочи за јазичното богатство што секојдневно го употребуваме за да го опишеме
светот што нè опкружува… Вистинска привилегија е човек да види како неговите сништа се преточуваат во едно вакво ремек-дело, а уште поголема чест е да го има во својата библиотека и да го отвори секогаш кога ќе му недостига сонцето, ведрината и духот на гевгеличаните’.

You May Also Like