Откриен фосил на мамут стар осум милиони години во Турција

Музеј во централната турска провинција Јозгат соопшти за откриен фосил, за кој се верува дека му припаѓал на мамут од пред осум милиони години, јави агенцијата ДПА.

– Палео-антрополошките активности се спроведуваат за да се утврди точната возраст на вилицата, која вчера ни ја донесе еден земјоделец. Според првичните сознанија, фосилот е стар околу осум милиони години, изјави директорот на музејот Јозгат, Хасан Сенјурт.

Вилицата ја пронашол земјоделецот Алпер Ѓушјунџели, додека ја обработувал својата нива.

You May Also Like