Кина го блокира пребарувачот „Бинг“ на Мајкрософт, објави „Њујорк тајмс“.
Тоа беше последниот странски пребарувач кој функционираше во земјата, иако имаше цензурирани и умерени резултати од страна на компанијата, за да ги следи барањата, пишува весникот.
Засега на постојат информации која е причината за одлуката на кинеските власти, и дали ова решение е привремено, или трајно блокирање.
Според „Фајненшл тајмс“, блокирањето го наредила Владата на локалниот државен телекомуникациски оператор China Unicom.
Одлуката е изненадувачкa, бидејќи „Мајкрософт“ генерално е во добри односи со властите во Кина.