Фосили стари 66 милиони години пронајдени во Тајланд

Повеќе од 70 школки заглавени во пешачка патека пред трговски центар во Бангкок се идентификувани како фосили од морски суштества кои живееле пред повеќе од 66 милиони години, потврдија тајландски стручњаци.

Купувач, всушност, со изострено чувство за оваа област, ги забележал фосилите во облик на праисториски полжав со пречник до 12 сантиметри, по должина од 400 метри низ тротоарот до трговскиот центар „Сијам сквер“. Палеонтолози од Министерството за природни ресурси и животна средина, сега ги проучува школките и откриле дека има 77 фосили од амонити, но се верува и дека се невообичаени за Тајланд.

– Амонитите се морски суштества за коишто се верува дека исчезнале пред 66 милиони години… Но, овие фосили се различни од оние што вообичаено се наоѓаат во Тајланд, појасни Прича Сајтонг, директор на Одделот за заштита на фосили.

Тамошните медиуми објавија дека тротоарот бил поправен пред две години и дека школките можеби биле ставени во бетонот како украс од страна на подизведувачот. Фосилните мекотели кои го населувале океанот пред милиони години се продаваат како сувенири во повеќе популарни туристички дестинации ширум светот, како Мадагаскар и Мароко.

You May Also Like