Втора трибина за безбедност на храната

Денеска (среда,20 февруари) во 12:00 часот во Големата сала на општина Гази Баба, барака 8 ќе се одржи втората по ред трибина на тема „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“.

Tрибина ќе се одржи во присуство на директорите на средните училишта, и тимот на педагог, професор по биологија и хемија и луѓе вклучени во процесите на подготовка на храна, како и претставници од општинската администрација.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска подршка на Јапонската организација JICA – Japan International Cooperation Agency ќе го реализира Проектот за „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“. Проектот ќе биде реализиран во 5 општини во Македонија и е наменет за целото население од аспект на потрошувачи. Една од општините која е избрана за заедничко спорведување на овој проект е Општина Гази Баба.

Проектот за подобрување на јавната свест вклучува промотивно – едукативни презентации со кои ќе бидат опфатени градинките, училиштата, факултетите, јавните институции…

You May Also Like