Во време на економска несигурност и масовна миграција, ПКМ – Пупе Кељавиот од Мичурин го претставува видео спотот „Kriv Pravec“ – урбана хроника на македонската реалност.
„Заглавен во калта… барам излез, џаде, но немам каде“ – ова не е само метафора, туку чувство на цела генерација. Песната зборува за систем во кој „секој втор овде ти е криминалец“, каде интелектуалецот е обезвреднет, а младите избираат „арабајтен или легија на странец“.
Со музичка поддршка од Ошав Продукција, и продукциски тим составен од Тец The Most Wanted, Mac AD Skopje и Hristijan, песната добива модерен, но мрачен саунд кој ја следи тематиката. Визуелниот дел, реализиран од S.B Studio Sky Camera, под режија на Иван Солунчев, со актерите Нино Леви, Александар Михајловски, Драгана Бешекич и Ана Марија Стојановска, ја доловува атмосферата на безизлез и борба.
„Kriv Pravec“ е повеќе од музички проект – тоа е социјална исповед, крик против економската неправда и сведоштво за време во кое многумина се чувствуваат како да одат во еден правец – без враќање.
