Пред повеќе од десетина години тогашниот градоначалник Коце Трајановски правеше студија со која пред Владата место раскрсница би имало огромен кружен тек, истиот одна до Поштата би понирал под земја, под дел од Камениот мост, под кеј 13 Ноември и Дрводекор и би излегол над земја некаде кај семафорите после Народна банка. Очекувањата беа дека истиот ќе чини 40-50 милиони евра, но понудите кои беа дадени беа меѓу 80 и 100 милиони тогаш, колку што помнам. Денес доколку има простор, за истиот можеби може и да се реализира преку Британскиот кредит на Владата.
Како и пред секои избори, на големо се зборува што треба и се планира да се направи, а јас ќе се обидам да бидам конкретен и прецизен, со онкретни позиции и решенија, надевајќи се дека барем малку ќе придонесам на следниот скопски градоначалник и советот, и покрај многуте умови кои излегуваат со свои идеи и решенија.
За почеток, да кажам дека се помалку има простор за едноставни и релативно ефтини решенија со детелинки или кружни текови, барем таму каде е најголемиот притисок во сообраќајот. Повеќе од очигледно е дека сообраќајот мора да биде решаван на две нивоа, и на одредени места со брзи градски експресни сообраќајници на кои нема пешаци и каде ќе може движење до 70-80 на час. Таквите сообрачајници би оделе над земја или под земја, и на истите се надевам дека нема да има уште ликови кои мислат дека секаде можат да застанат, „на кратко, пошо иам нешо работа“.
Едно од главните места е клучката во Автокоманда кај Земјоделски факултет. Секојдневно тука е општ хаос, особено за оние кои сакаат да го поминат булеварот од поранешна задна страна на Саем, во правец на Железара. Овој правец треба да биде поврзан со подвозник или надвозник и да се направат детелинки за вклучување и исклучување. Само неколку стотина метри подолу, кај Алкалоид, потребен е или подземен или надземен премин, потребна е целосна обнова на подземниот премин кај АСУЦ, и исто така тргање на семафорите кај ЕТУЦ и бензинската на Макпетрол, како и проѓирување на овој булевар со три ленти до самиот негов излез од градот. Промена е потребна на изгледот на надвозникот кон Кванташки и Аеродром на едната страна и Железара на другата. Актуелниот изглед со семафори очигледно не функционира и креира застој. Секако, тука се потребни и редовни контроли, посебно за оние кои сакаат да дивеат, или имаат навика да застанат и окупираат лента на булеварот.
Истото се однесува и на продолжението од овој градски булевар Александар Македонски, и кон делот којнародот популарно го знае како Пластичарска, или официјално Никола Карев. Нема друго чаре од тука до Касарната Илинден, освен на се оди на две нивоа под или над земја. Затоа што самото постоење на бројните трговски објекти, возила, комуникацијата на народот може Серава и Чаршијата нема како да се растерети на друг начин, исто како и влегувањето и излегувањето на еден куп возила од уличките, но и пешаците кои постојано, дење ноже претрчуваат, како и двата семафори кои го кочат сообраќајот.
Апсолутно исто ќе кажам и за Цветан Димов, од Јаја Паша, па се до раскрсницата кон улицата Џон Кенеди и паркот во Чаир. Од самиот надвозник на Бит пазар се потребни неколку ленти, на столбови, кои ќе го поминат брзо Чаир за сите кои од тука само транзирираат кон северниот дел од градот, а долната сообраќајница тогаш ќе е и самата растеретена и по функционална.
Клучката меѓу Гоце Делчев и Крсте Мисирков, или популарната Судска, кај Мавровка и НУБ, почнувајќи од првата кај подземниот премин под Стоковна Мост и Плоштадот Скендербег, треба да продолжи ниско и да оди експресно без запирање се до Ист Гејт и мостот на Беласица кон Железничката, а тука најумно решение е голем кружен тек, затоа што и тука има тесно грло. Три точки на две нивоа, кај Операта, на сама Судска, и кај МТВ и УКИМ.
Секако потребно е и пробување на булеварско решение со два крака после потенцијалниот кружен кај Ист Гејт и бензинската Макпетрол, едниот кон индустриска зона со излез кај Земјоделски и клучката за која пишував на почетокот, и крак кон новиот мост кон Аеродром кој излегува кај салата Јане Сандански, но и траса кој ќе проаѓа низ Керамидница кон ФОН и зградите кои таму се изградија.
Трите кружни текови во центарот на Скопје под кои ќе поминува булеварот Македонија, а се под комплексот Дајмонд се исклучително битни. Секако и пристапните улици до истиот, а можеби и отпочување на некаква форма на долго спомнуваниот Јужен булевар. На Гологанов е пожелно да се најде наичн за побрз проток на раскрсницата со Рузвелтова, кај Треска. Дали со кружен тек или на две нивоа, сеедно. На самата Гологанов поголем проблем се ликови кои очигледно имаат голема желба да бидат тркачи, но и ликови кои се паркираат на сам коловоз „на кратко“ и неретко среде ден, парализираат цел еден коридор ради лични хирови.
Уште едно слепо црево се двата семафори пред и под Железничката, но и самиот начин пешаците да поминат од една на друга страна, како и осветлувањето и хигиената под истата. Многу често кога се проектираат собраќајниците се мисли само на проток на возила, а многу често се забораат пешаците, но и бројните велосипедисти, но и оние кои управуваат тротинети, скутери и други превозни средства. Со оглед дека во иднина Железничката повторно би се актуелизирала, потребно е да се ослисли и поминувањето на пешаците од другата страна на булеварот под истата, како би се качиле на автобус кон центарот.
Пред повеќе од десетина години тогашниот градоначалник Коце Трајановски правеше студија со која пред Владата место раскрсница бул имало огромен кружен тек, истиот одна до Поштата би понирал под земја, под дел од Камениот мост, под кеј 13 Ноември и Дрводекор и би излегол над земја некаде кај семафорите после Народна банка. Очекувањата беа дека истиот ќе чини 40-50 милиони евра, но понудите кои беа дадени беа меѓу 80 и 100 милиони тогаш, колку што помнам. Денес доколку има простор, за истиот можеби може и да се реализира преку Британскиот кредит на Владата.
Искрено, од денешна гледна точка истиот ќе го спасеше Скопје многу, но и немаше ништо да реши доколку добар дел од проектите за кои пишувам не се реализираат. Растеретување на сообраќајот ќе мора да се спроведе и реализира и кон Кисела вода, а покрај сите овие промени, ќе мора да се работи на ослободување и ставање во функција на сите расположливи паркинг места, но и градба на нови, а секако и реформа на целосниот систем на градскиот превоз, за кој ќе пишувам со некоја од следните колумни како продолжение, но и са клучките, краковите и мостовите, кои се потребни и кон периферијата. Нели, логично е, од центарот на градот, кон периферијата.
И да, битна мисла за крај. Треба да се исфрли праксата за семафори на сам мост. Секаде после мост треба да има или кружен тек или движење на две нивоа. И кај Владата мост Гоце Делчев, и Беласица кај Ист Гејт и кај Близнаците од Аеродром кон Кванташки, и Мајка Тереза кај Народна банка, има семафор до самиот мост. Со тоа мостовите непотребно им се креира континуиран товар, истите се деформираат и општетуваат многу побрго од она кое им е предвиден век. Ако нема друго решение, кружен тек, место семафори.
Александар Ристевски
извор: Курир.мк