Вчера вечер во Големата сала на Центарот за култура – Битола, го имав задоволството на присуствувам на премиерата на македонскиот филм “До балчак” на Столе Попов …
Исто како и првата фестивалска вечер, постоеше своевидна битка кој и како би присуствувал на фестивалот, останува впечатокот дека дел од публиката е дојдена порани камерите, медиумите и црвениот тепих, а не филмовите кои се прикажуваат. Останатите фестивалски денови ќе го потврдат или демантираат ова кое го пишувам.
Да се навратиме на филмот. Работен како историски спектакл, приказна за комплексен четириаголник помеѓу еден востаник полн со идеали, безмилосен турски офицер, богато размазено татино синче кое се враќа дома по студиите во Западна Европа и една слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици. Филмот ја испитува вечната македонска кауза за сопствениот идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство.
Како што американската кинематографија направи поим во 60-тите и 70-тите со филмовите за Дивиот Запад, ова дело е пример за филм за Дивиот Исток.
Филмот е работен според сценарио на Горан Стефановски, како ко-сценарист се јавува и режисерот Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија Ивановска, а главните улоги се: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.
„До Балчак“ се снимаше летото во 2012 година на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.