Денеска, (четврток, 27 септември, 2012 година), во организација на Културно-Информативен Центар -Скопје, на неколку локации низ Старата Скопска Чаршија, се одржува традиционалната Манифестација „Звуците на Чаршијата 2012“. Бројните интересни настани се случуваат до полноќ. На отворањето на Манифестацијата кај портата во Старата скопска чаршија, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Старата скопска чаршија е еден од најатрактивните културно-историски споменици во Скопје, којшто остава силен впечаток со препознатливите сокаци и обележја, и затоа се вбројува меѓу најубавите чаршии на Балканот. Покрај уникатниот стил во архитектурата и исклучителното етнолошко наследство, чаршијата е место на кое се случуваат традиционални, но и многу современи културни настани, што се дел од културната карта на Градот Скопје. Затоа, покрај другите активности, Град Скопје ја востанови манифестацијата Звуците на чаршијата, којашто дава импулс за нејзиното заживување и културно реанимирање, преку отворање на портите за уметноста и креативноста. Во тоа име, ве поканувам денес да ја проследиме програмата што ни ја подготви Културно-информативниот центар, но и да прошетате по сокаците на чаршијата, да ги разгледате ракотворбите изработени од вештите раце на занаетчиите, да ги вкусите нејзините гурмански специјалитети, и често да се навраќате во Старата скопска чаршија, истакна градоначалникот Трајановски.
На оваа шеста по ред Манифестација, присутни беа и директорката на КИЦ, Сермине Пурини, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како и секретарот во Министерството за култура на Република Македонија, Музафер Беслими.
Кај капијата на Старата скопска чаршија беше реализирана културно-уметничка програма под мотото „Традициите на националностите што живеат во Скопје“. Во рамки на програмата во 13 часот настапија : АНПИ “Емин Дураку“; КУД “Орце Николов“ и КУД “ Јени Јол“.
Програма:
14:00 – 17:00 Чаршиска Книжарница
– Пантомима “Театар на 2 кат“
– Децата од градинката “Фидани“ инструментален балет
– Рецитал “Насмеј се младино“
– Презентација на Старата Чаршија
– Секстет на гитари
– Дувачки дует
– Дует “Овчарка“
– Танцување на групата “Ребис“
– Група на чифтелии ОУ “25 Мај“ Скопје
– Рок група “ EIGHTFOLD PATH”
12:00 – 14:00 Чаршиска Книжарница
– Ликовна колонија
18:00 – 20:00 Џамија на Мурат Паша
– Документарен филм за Старата Чаршија
19:00 – 20:00 Ресторан Турист
“Распеани Радовишани“
21:00 – 24:00 Куршумли Ан
– Албанска Софра
– Шкелзен Јетиши и оркестар “Буџови“
– Миранда Хашани
– Фисникет со Агим Гергури
– ДЈ Аријан