„Далга“ нова колекција на Елена Лука

Модниот бренд Елена Лука ќе ја презентира својата нова колекција „Далга“ за сезоната пролет/лето 2013 во рамките на Модниот викенд-Скопје, на 5-ти април (петок) со почеток во 19:00 часот во салонот на Ауди, Порше Македонија.

Слободата на движење и духот на спонтаноста суптилно се чувствуваат во колекцијата „Далга“ на Елена Лука.

Брановидната уметност на „Далга“ е совршен спој помеѓу палета од нијанси на чистите песочни бои и спонтаната игра на воздушестите форми и фините материјали. Лелеави и лесни, на моменти бајковидни, педесетте креации бескомпромисно оставаат простор за изразување и утврдување на еден уникатен стил и идентитет на современата жена.

Стаклениот ефект добиен со комбинацијата на свила и органтин отвара една нова димензија во визуелниот потпис на жената.Таа е децидна, доволно смела и храбра да го обвие своето тело со прозрачни материи кои ја пласираат пред јавноста нејзината фигура без скруполи, но истовремено ја нагласуват нејзината романтичност и кревкост . Префинетоста во една модернизирана автентичност ја дефинира „Далга“ како безвременски спој на елеганција, женственост, слобода и неконвенционалност.

Секој модел во својата уникатност ги носи тежината на емоциите , неповторливиот дизајнерски сензибилитет, часови и часови рачна изработка и беспрекорен финален резултат крунисан со дискретни златни детали .

You May Also Like