„Аксиос ги дели приказните“ – нов роман на Ленче Милошевска

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје, неодамна ја објави најновата книга на Ленче Милошевска – романот „Аксиос ги дели приказните“.

Романот обработува тема за зближувањата и раздвојувањата врз човечката димензија, но и врз етничката различност. Покрива приказни на два лика, од две различни националности, од два соседни а различни света. Нивните лични хроники се и хроника за Скопје, за постарото Скопје и за животот крај Вардар – на неговиот лев и на неговиот десен брег. Она со што се одликува овој роман е богатството на приказни од Старо Скопје, поделено од реката Вардар (антички Аксиос), на два различни света.

„Дневнички инспириран, романескно напишан „Аксиос ги дели приказните“ на Ленче Милошевска неотстапливо потврдува: Сите ние, заедно со нас и нашите блиски, нашиот катадневен интелектуален и емотивен свет и кога сме сами, сосема сами во планините – не сме сами, му припаѓаме на светот и на времето во кои сме“ – пишува Миле Неделковски, за најновиот роман на Милошевска.

______________________________________________

Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач. Завршила Филолошки факултет, група англиски јазик и книжевност, во Скопје. Автор е на книгите: Жедната земја моја (поезија, 1992), Кадилница на денот (поезија, 1996), Кумова слама (роман, 1997), Камени пораки (поезија, 1999), Три жени во три слики (роман, 2000), Сатанска печурка (роман, 2008) и Одложена мисла (поезија, 2009).

You May Also Like