Со проекцијaта на „Никаквица“ (од 1978) во присуство на режисерот Жак Дојон утревечер (четврток, 5 јули) во 20 часот во Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид ќе биде спуштена завесата на петото издание на Фестивалот на францускиот филм.
Во „Никаквица“ улогите ги толкуваат: Мадлен Дедевизе, Клод Ебер и Полет Лае, а режисерот Дојон е почесен гостин во Охрид.
По прикажувањето на филмот, Лорен Бове претседател на регионот Долна Нормандија, амбасадорот на Франција во Македонија Жан Клод Шлумберже како и претставник на министерството за култура ќе ги доделат наградите на најуспешните на годинашниот фестивал.
Фестивалот на францускиот филм во Охрид е во организација на Францускиот институт од Скопје и Универзитетот за аудио-визулени уметности ЕСРА.