Промоција на проект за социјализација на деца со посебни потреби

Промоцијата на проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”, кој го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ и МНЗА –„Македонското научно здружение за аутизам“ ќе се одржи утре (9 јуни, понеделник) во Гевгелија, во Дневниот центар за деца со посебни потреби, од 10:30 до 11:30 часот.

pokana_preoekt_socijalizacija_deca_posebni_potrebi

На промоцијата на проектот ќе се обратат: претседателот на управниот одбор на Фондацијата „Аполонија“ г-ѓа Марија Клинг, градоначалникот на општина Гевгелија г. Иван Франгов, првата дама г-ѓа Маја Иванова, и шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е. Аиво Орав.
Потоа следува отворање и посета на:
– Терапевтска соба во „Дневниот центар за деца со посебни потреби“ во Гевгелија
– Сензорна соба во ООУ „Петар Мусев“ – Богданци
– Сензорна соба во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран
– Сензорна соба во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово

Овие соби се наменети за индивидуална работа и третмани со децата со посебни потреби од 4 општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци, кои ќе работат во склоп на училиштата како дополнителен сегмент на наставниот процес, создавајќи подобри услови за инклузија на децата со посебни потреби во овие редовни училишта. Сензорните соби и Терапевтската соба ќе бидат отворени и за време на летниот период.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права, со 77.000 €.
Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби.

You May Also Like