Премиера на „Последниот балкански вампир“ во Кавадарци

Денеска (четврток, 17 јули 2014 година) во 20:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, ќе ја одигра својата најнова премиера “Последниот балкански вампир“.

posledniot_balkanski_vampir_teatar_kavadarci2

„Последниот балкански вампир“ е по текст на Дејан Дуковски, а во адаптација и режија на Александар Малинков, во претставата играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гочевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентина Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.

Првата реприза за љубителите на театарот во Кавадарци е веќе во петок на 18 јули 2014 година, исто во 20 часот.

You May Also Like