Денеска (2 јуни) во Големата сала на Советот на Град Скопје беше отворена конференцијата „Електромобилност- помеѓу желбите и можностите“.
Конференцијата „Електромобилност- помеѓу желбите и можностите“ за отворена ја прогласи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски
– Ми претставува задоволство да ја отворам дебатата на тема Електромобилност како иницијатива за креирање мерки и активности кои би се имплементирале во градот Скопје, а потоа се разбира и во сите општини во Македонија. Со потпишувањето на европската иницијатива- Повелба на градоначалници за енергетска ефикаснот во Европскиот паралмент, во Брисел, Градот Скопје од 2010 година стана дел од енергетски свесните европски градови и ја презема обврската да креира и реализира мерки и активности кои ќе придонесат за намалување на стакленичките гасови над 20%. За да можеме да ја реализираме таа цел, најпрво беше направен Акциски план за одржлив енергетски развој на Град Скопје, познат како СЕАП, во кој ги дефиниравме секторите на кои ќе работиме за да ја постигнеме целта 20% помалку СО2 во нашиот Град до 2020 година. Информациите кои беа потребни како податоци за енергетска ефикасност, беа собрани од Секторот за урбанизам и станбените објекти (зградите), Секторот за комунални работи и осветлувањето во Градот Скопје, Секторот за сообраќај и од ЛЕР за потрошувачката на енергија, влијанието на потрошувачката со гасификација на дел од средните училишта, и соодветно на тие податоци беа дефинирани мерки и активности за зголемување на енергетската ефикасност“ – истакна Трајановски.
На отворената дебата на тема „Електромобилност-помеѓу желбите и можностите“- Предизвици и бариери, присуствуваа претставници на магазинот Авто Плус, Авто мото сојузот на Македонија, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, раководители на сектори во Град Скопје, директори на ЈП, советници во Советот на Град Скопје, претставници од техничките факултети и добавувачи на возила.
Присутните на дебатата имаа можност да разменат мислења и препораки за воведување на електомобилноста кај нас од искуствата на градовите партнери во Проектот, за нормативното уредување на стандардите за воведување алтернативен начин за погон на моторни возила, активности за создавање услови за секојдневна употреба на електричните возила, за хибрдните возила како мост меќу конвенционалните и електричните возила, како и за актуелната понуда на електрични и хибридни возила.
Пред да започне Дебатата, на паркингот пред Град Скопје, се одржа презенатација на електрични возила од различни произведители коишто ги има во салоните за автомобили низ земјава.