Вработените во културата се ставени пред свршен чин и на сила им се даваат изготвени поединечни акти/решенија со кои им се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја. Кажуваме спротивно на нивна волја бидејќи овие изготвени акти/ решенија се спротивни на одредбите за плата во Колективниот договор за култура и ОКД за јавен сектор.
После овој пресс Министерството за култура веруваме ќе излезе со соопштение дека тие сакаат да ни дадат 10% покачување на плата ама ете ние правиме намерно проблеми бидејќи сакаме да пуштиме тужби за каснење на плата и со тоа да му наштетиме на министерството.
Не, ваквата реторика на министерството нема да помине овој пат ниту во јавноста ниту кај вработените, на министерката за култура треба да и е јасно дека вработените во културата ги бараат и сакаат да ги добијат сите права кои им следуваат согласно колективните договори без разлика дали тоа му се допаѓа на министерството за финансии или не.
Го споменуваме министерството за финансии бидејќи на сите состаноци одржани во МК, претставникот од министерството за финансии господинот Тоше Паноски од секторот за буџет и фондови. , во почетокот ни ги нудеше 10% покачување од ОКД како небаре милостина, со реторика ако потпишете анекс на колективниот договор ќе го добиете покачувањето ако не значи се откажувате, за да на вториот состанок затскриен позади Заклучокот на Влада повторно го нудеше истото, за да на крајот се сведеме на тоа дека ова покачување на плата не треба да го гледаме како покачување туку како еднократно право на плата кое важи до следното поповолно право од колективниот договор за култура, кое, не е на овој начин утрдено ниту со КД за култура ниту со ОКД за јавен сектор.
Не е јасно зошто министертсвото за култура упорно се обидува да ја срочи содржината на поединечните акти/ решенија на начин како само ним им е замислен, иако истата треба недвосмислено да произлезе од содржината на двата колективни договори и да биде во согласност со начинот на пресметка утврден во истите.
Па затоа му порачуваме на министерството да не врши притисок врз институциите и директорите и да остават решенијата да се изготвуваат без тендециозно инфилтрирање во содржината на истите ускратувајќи ги правата на вработените во културата.Затоа и сега јавно ја известуваме министерката за култура дека вработените во културата нема да прифатат такви изготвени решенија и ја прашуваме дали на сила вработените ќе бидат принудени истите да ги примат, огласувајќи ги на огласна табла.
Ова ли е начинот по секоја цена да се постигне тоа што одамна се сака, а тоа е укинување на членот 65 од КД за култура, кој по кажувањето на господинот од министерството за финансии “штрчи” во јавниот сектор, само затоа што истиот е најправичен за работникот врзувајќи ја основната плата со порастот на минималната плата.Културата е дел од јавниот сектор и одредбите од ОКД важат подеднакво како и за сите останати дејности од јавниот сектор.
Временото ограничување на правото од 10% покачување до февруари 2024 г ќе ја издвои културата од другите дејности, како посебна дејност на која овие 10% според министррството за финансии и се многу на и онака нивните “енормни плати”.До сега откако е потпишан КД за култура ниту едно покачување на платата на вработените не поминало без одредени турбуленции и удари по вработените во културата.Го повикуваме министерството за култура и одговорните во останатите министерства на разумност, почитување на принципите на Колективните договори и колективното договарање. Институциите од културата да ги повлечат овие по налог еднострано изготвени акти/решенија и примената на членот 14 од ОКД за јавен сектор да ја спроведат на начин утврден согласно Колективниот договор, со што ќе остане и ќе продолжи печатот на оваа администрација дека направила највеќе за вработените во културата во изминатите 30 години.
извор: фејсбук статус