Филм со французинката Летиција Каста ќе се снима во Битола

Француската актерка и супермодел Летиција Каста ќе игра во една од главните улови во играниот филм „Зад хоризонтот” (Le Milieu De L’Horizon) кој ќе се снима во околината на Битола од 20-ти до 24 јули, соошти продукцијата „Кино око“ од Скопје, која е носител на филмскиот сервис во овој проект.

Филмот е во режија на Делфин Лерисе, копродукција е меѓу Швајцарија (Box Productions) и Белгија (Entre Chien et Loup) и е финансиски поддржан од Европскиот филмски фонд-Еуроимаж.

Покрај Летиција Каста, која има улоги во неколку филмови, меѓу кои и „Астерикс и Обеликс против Цезар“, а позната е и како модел на „Викторија сикрет“, во филмот ќе игра и Клеменс Поеси, која учествувала во два филма од серијалот за Хари Потер, во ТВ-сериите „Озборувачка“, „Гениј“, „Војна и мир“…

Продуцентот Роберт Насков од „Кино око“ соопшти дека филмот ги користи поволностите од Законот за филмска дејност во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот.

– Со оглед на големите актерски имиња и сериозноста на продуцентските куќи кои стојат зад голем број успешни филмови, сметаме дека овој проект ќе биде од големо значење за промоција и афирмација на Македонија како дестинација за снимање на филмови, истакнува Насков.

You May Also Like