Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава по 21 пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој ќе се одржи од денеска (27 септември) до 1-ви октомври.
Во досегашното дваесет годишно одржување на фестивалот, градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци.
Гости оваа година се групи од: Полска, Србија, Украина, Хрватска, Словачка и 10 домашни ансамбли.
Во петок (28 септември) во 17:30 ќе се одржи фолклорна литургија во црквата Свети Климент Охридски. Во 18:00 часот фестивалот за отворен ќе го прогласи градоначалникот Коце Трајановски, по што Фолклорното дефиле тргнува низ центарот на градот, за во 19:30 да стигне пред Камениот мост каде ќе започне Фестивалскиот концерт.