Филмот „Bottle“ на средношколецот Сергеј Сарчевски на фестивал во Мајнц

На филмскиот фестивал „Intervideo-Nachwuchspreis“ кој се одржува во градот Мајнц, Германија, краткиот филм „Bottle“ на 14 годишниот Сергеј Сарчевски (ученик во I година во гимназијата „Орце Николов“) беше номиниран во официјалната селекција во категоријата експериментален филм.

Овој фестивал за млади таленти до 30 годишна возраст се одржува по трет пат, а оваа година младите филмаџии се натпреваруваа на тема „Промени“, во следните категории: документарен, фикција, анимација и експериментален филм.

Жири комисијата во состав: Dr. Thomas Meder, Roland Blum, Gudrun Winter, Armin Riegel одлучуваше помеѓу пристигнати 406 кратки филмови од 50 различни земји, a младиот Сарчевски влезе во првичната селекција од 10 најдобри филмови и се пласираше на четврто место. Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 26ти септември по повод 50от роденден на „Intervideo”.

Краткиот филм „Bottle“ (2013) е базиран на тешкиот живот на Ромите во Македонија и нивната борба за преживување преку продажба на пластични шишиња.
Инаку Сергеј Сарчевски до сега има направено 7 кратки филма и има учествувано на неколку фестивали за кратки филмови како и изложби за фотографија.

You May Also Like