Промоција на книга од Силвана Петрова Насух во Битола

Денеска (недела, 17 август) во 21:30 во Пациото во Битола ќе биде промовирана книгата поезија „Полноќна прошетка“ од Силвана Петрова Насух.

„Полноќна прошетка“ е книга која содржи стихови посветени на најголемата инспирација на авторката Петрова Насух – градот Битола, тема на која работела долго време чија историја ја истражувала од свој аспект со голема љубов кон градот. Стиховите треба да не потсетат на многу локации во градот кои веќе не се во функција, на многу заборавени обичаи, на настани од минатото кои останале длабоко врежани во колективната меморија на Битола, всушност треба да не потсетат и да ни ја насликаат таа вечер како што авторката милува да каже …..Битола од нашите срца и нашите воздишки.
Гости на манифестацијата ќе бидат – Женскиот хор на Стив Наумов водени од Љубо Трифуновски, и Женската играорна група од КУД Илинден.

Во 20:00 часот во Градскиот пар во Битола концерт ќе одржи рок групата „Среќни луѓе“.

You May Also Like