По дојадувањето после донесувајет домашните на софра, по адетот старински, еден леб, за да го дарувајет гостите младенчето. Даровите се обично пари (монети) златни и стребрени и најпрво го даруват попот и кумата и домашните, а после и сите гости со ред.
Адети на раѓање
Таја жена шо заносила се наречуват трудна или тешка. Раѓањето шо бидуат пред време се наречуват пометнување. А раѓањето шо идуат на деветтијот месец се наречуват раѓање. Мајка му на новороденото се наречуват роженица, а теја младенче, и ако је дете и ако је момиче.
Откако ќа се родит младенчето, домашните му праќајет по мушчулок едно, две деца (или момичиња) да кажет на роднините си за новороденото младенче и тије деца се наречувајет мушчулжији. Кога појдувајет мушчулжијите у некоја роднина, најпрво и прашајет: „Шо имате?“ А тије ако је младенчето дете одговарајет: „Имаме дете“, ако е момиче: „Имаме момиче“. Роднините им велит: „Нека ви је живо“, и им давајет мушчулок, т.е. пари. Мушчулжијите, откако ќе раскажат на сите родниње за младенчето си се враќајет дома.
После во тој ден роднињето од младенчето, таткоо му и мајкино му, дојдувајет сите на видување – честитање, секоја носејќи по еден чист леб (који ако је киснат со квас се наречуват кравајче, а ако је пресен без квас – погача) и по едно чинивче (бокалче) п’лно со винце и по едно калениче п’лно со пилаф или тиганица. Овије приноси и носит роднињето за понада на роженицата и за к’смет на младенчето.
По теја домашните од мледенчето ставувајет софра за да ручајет роднињето им шо дошле на честитање. Овја ручек се наречуват ризик. На ризикот покрај другите јастија се месит комати (зелници), едем, два или три и една погача пресна, која најпрво на софра ја искршувајет на дробни парчиња и раздавајет секому по едно парче за молитва, младенчето да би било вековито и ризикарно (вечно и стреќно). По ручек си одат секој дома.
По пет шест дни после, младенчето го клавајет в крошни и го однесувајет в црков на кршчавање. Попот и кумата, воспријемница, го кршчавајет младенчето по законот црковен и му наречувајет (клавајет) името. Тога кумата го даруват младенчето со едно кошулче од ткано платно. По кршчавањето го донесувајет младенчето дома. И по теја испраќајет зовачка (невеста) на зовење заједно со едно две деца придружени со неја. Таја зовачка носејќи в десна рока здравица (карта, чутура п’лна со вино) ќа позовет сите своји родниње да дојет на гости (ужина). По теја роднињето позвани дојдувајет на гости и седнувајет на софра да ручајет или ужинајет. Овја ручек или ужина се наречуват гости (гошчавање).
По дојадувањето после донесувајет домашните на софра, по адетот старински, еден леб, за да го дарувајет гостите младенчето. Даровите се обично пари (монети) златни и стребрени и најпрво го даруват попот и кумата и домашните, а после и сите гости со ред. Овеја дарување је за к’смет на младенчето. Тога домашните го дарувајет попот со една риза. Старци (можи) не одит на овакви гости, дека овије гости се бројат женски гости. Кумата ја дарувајет со една дарпна и риза. После го креват лебот од софра едно дете татково и мајкино заједно со даровите на него и го однесуват на роженицата. По теја си станувајет гостите и си одит секој дома.
Човек еднуш се раѓат, еднуш се женит и еднуш умират.
На треќата вечер по раѓањето дојдувајет наречниците и му наречувајет на младенчето се шо имат да му бидет во сета живот негова. Таке верувајет нашите жени мијачки по старобабинско усно предавање.
Стрижење
Откако ќе сторит новороденото дете пол година до цела, најпрво требет кумата да го застрижет.
Стрижењето било овеја.
Со ножици ќе му земет од косата на главата од пет места (на крст):
- На врвот од главата,
- Над челото,
- Одзади,
- Над десното уво, и
- Над левото уво.
На стружењето малечко се брале гости како и на раѓање.
Според книгата: „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004