Уште една недела до ОФФест 2025

Седум дена нè делат од почетокот на 24-то издание на ОФФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар.

ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди 9 концерти на врвни музички артисти и групи од 8 различни земји и една специјална филмска проекција.

Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОФФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот.

Повеќе информации за фестивалот, на следниот линк: http://www.offest.com.mk/mk/

Програма:

5 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Dragan & Ratko Dautovski (Македонија)
Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)

6 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Kimmo Pohjonen (Финска)
Maria João Аbundância (Португалија)

7 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Vieux Farka Touré (Мали)
Florence Adooni (Гана)

8 јуни
МКЦ Кино Фросина | 20ч.
Júlia Kozáková Trio (Словачка)

8 јуни
МКЦ Дансинг сала | 21ч.
Mordái (Унгарија)
Lufthansa (Македонија)

Програма плус
8 јуни
МКЦ Кино Фросина | 18:30ч.
SARAVAH
Документарен филм (Бразил)

You May Also Like