Премиера на документарец за Љубе Цветановски

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Министерството за култура на Р. Македонија, Македонската Радио Телевизија, Агенција за филм на Р. Македонија и Аурора Турс, ја организираат премиерата на документарниот филм “Детето во светот” (80 мин), посветен на култниот македонски патеписец и документарист Љубе Цветановски.

deteto_vo_svetot_dokumentarec_za_ljube_cvetanovski

Премиерата ќе се одржи во понеделник 16 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Синеплекс. По проекцијата ќе биде организиран мал коктел, како и промоција на книгите “Патуваме-сонуваме” и второто издание на книгата “Детето во мене”.

You May Also Like