Осмото издание на реномираниот фестивал „Виноскоп“ ќе се одржи од 24 до 28 септември со нова локација, на плоштадот „Карпошово Востание“ помеѓу Музејот на холокаустот и Музејот на македонската борба.
Организаторите на „Виноскоп 2014“ најавуваат: „Започнете ја есента со божествениот напиток – виното. Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар на вински сорти на повеќе од 30 домашни винарии. Уживајќи во чаша добро вино надополнето со убава музика, гостите повторно ќе бидат дел од уникатниот позитивен импулс на фестивалот.
„Виноскоп 2014“ – приказна за Скопје која не смеете да ја пропуштите“.
