Комедијата „Вештерките од Зугарамунди“ и во македонските кина

Новата комедија на познатиот режисер Алекс де ла Иглесија со примеси на хорор филм, пристигнува во домашните кина од 3 јули.

vesterkite_zugaramundi

На овогодинешното доделување на шпанските национални филмски награди Гоја „Вештерките од Зугарамунди“ освоија осум признанија. Филмот ги собира најпопуларните шпански актери како Хуго Силва, Марио Касас, Пепон Нието и Каролина Бенг.

Хозе (Хуго Силва) и Антонио (Марио Касас) се жртви на големата економска криза. И двајцата останале без работа. Едниот е разведен и плаќа алиментација, а другиот е индиспониран бидејќи девојката му е успешна адвокатка која секој ден очекува по враќањето од работа да ја чека ручек на масата. По комичниот грабеж во кој учествуваат уште две џуџиња и малолетното дете на Хозе, започнува бркотница без крај. Бегајќи од полицијата, заедно со киднапираниот таксист и неговиот клиент, стигнуваат во градот Зугарамунди опкружен од мрачните шуми на Навара, каде живее племето жени – вештерки (Кармен Маура, Каролина Бенг, Сантијаго Сегура) кое се храни со машко месо.

„Вештерките од Зугарамунди” е црна хорор-комедија, која ги преиспитува машко-женските односи и радикалниот феминизам.

You May Also Like