(фото) Поетите во одбрана на Македонија

Поетско чествување насловено како „Гласот на Македонија – поетите во одбрана на вистината за Македонија и македонскиот идентитет“ се одржа вчера вечер (понеделник, 18 март) во Домот на АРМ.

Тодор Чаловски, Елена Пренџова, Мирче Нешовски, Панде Манојлов се само дел од оние кои презентираа мал дел од својот поетски опус. Актерот Мите Грозданов, пред присутните претстави поезија посветена на Македонија од поетите: Мирче Нешовски, Саме Лимани Жарноски и дел од оние кои беа оправдано отсутни, а го презентираше Меморандумот од македонските поети упатен до целото мирољубиво човештво. Збор зедоа и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, и Исмаил Бојда претставник на Македонците со исламска вероисповед.

Гласот за Македонија е исконскиот глас на поетите, тоа е татнежниот глас на предците за вековната опстојба. Поетите секогаш се застанати во „одбрана на вистината за Македонија, македонскиот идентитет, македонското име и вековниот корен на македонскиот јазик“, стои во Меморандумот.

Во продолжение на вечерта се одржа кратка трибина насловена „Поетите во одбрана на вистината за Македонија, македонскиот идентитет, македонското име и македонскиот јазик“.

Програмата ја збогатена и со музички настап на националниот ансамбал на игри и песни „Танец“.

You May Also Like