Поетската книга на Снежана Алексиќ – Станојловиќ е во издание на Издавачката куќа “Феникс“ од Скопје, а за авторот и делото ќе говорат проф.д-р Васил Тоциновски и проф.д-р Христо Петрески.
Во Културниот центар “Феникс“ – Скопје, кој се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала, на 24 октомври (петок), со почеток во 12 часот, ќе се одржи книжевна средба и промоција на двојазичната книга на македонски и српски јазик “Ода за Орфеј“ од писателката Снежана Алексиќ – Станојловиќ од Нови Сад.
Инаку, средбата со авторката ќе биде збогатена и со настап на вокалната група “Смирна“ под диригентство на Ристана Рина Николова.